Македонија
20. March 2019 - 16:40

Мораториум за градежните работи на минарето на Алипашината џамија во Охрид

Мораториум на градежните активности околу Али Пашината џамија во Охрид. Надлежни институции да постапат согласно законот, да се запрат сите активности и објектот да се заобиколи со жолта линија ветил премиерот Зоран Заев на денешната средба со претставниците од Здруженето Совест кои  со аргументи му образложиле за неправилностите околу реконструкцијата на џамијата.

В.Д. градоначалникот Георгиески вели дека преку дијалог со сите засегнати страни, имајќи ја во предвид сензитивноста на прашањето, ќе се најдат решенија во интерес на граѓаните на Охрид и државата која останува посветена на заштита и промоција на богатото културно наследство .

Случајот со реконструкцијата на Али Пашината џамија подолг период ја бранува охридската јавност.

Од здружението на граѓани “ Совест” цели три години укажуваа дека на џамијата се работи незаконски.

ОЈО Охрид покрена постапка против повеќе физички и правни лица за неправилности а од страна на Управата за заштита на култруното наследство стопирана  е реконструкцијата на Али Пашината џамија .

Меѓутоа и покрај забраната за градба охриѓани објавуваат фотографии на  социјалните мрежи дека утринава  повторно се одвиваа градежни активности на минарето .