-->
-->
Мората ја прифати понудата на Милан
-->
Шпанскиот напаѓач Алваро Мората е нов играч на Милан. Играчот од нападот одлучи да ја прифати понудата и Милан следната сезона ќе го носи дресот на италијанскиот гигант. Мората не сакаше да ги чека најавените понуди од Манчестер Јунајтед и од Челзи и веднаш ја прифати понудата од Милан, а наскоро и официјално ќе стане член на овој тим, објавија италијанските медиуми.
Шпанецот на „Сан Сиро“ ќе заработува 7,5 милиони евра по сезона, а Реал како обештетување за предвремен раскин на договорот ќе добие околу 60 милиони евра.
Воедно за Мората овој трансфер ќе значи враќање во Италија. Тој од 2014 до 2016 играше за Јувентус во Торино, каде што освои две титули. Минатото лето тој одлучи да се врати во Реал, но не се избори за стандардно место во првите 11. И покрај тоа што беше резерва на Карим Бензема, оваа сезона одигра вкупно 42 натпревари за Реал во сите натпреварувања и постигна 20 голови.
Последниот натпревар во дресот на „Кралевите“ ќе го игра против поранешниот негов тим Јувентус во финалето на Лигата на шампионите, на 3 јуни во Кардиф.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор