Моралес тврди дека победи, а Меса најавува втор круг од претседателските избори
Претседателот на Боливија, Ево Моралес тврди дека победи на вчерашните претседателски избори, додека неговиот политички опонент Карлос Меса најавува втор круг.
Моралес изјави дела сигурните гласови од руралните подрачја, каде има силна поддршка ќе му донесе уште една „историска победа“ и мнозинство во Конгресот.
Според досега преброените гласови Моралес освои 45 отсто, а Меса има – 38 проценти.
Моралес е единствениот јужноамерикански лидер останат од времето на така наречената „розова плима“ – доминација на левицата на континентот во првата деценија од 21 век. Тогаш Чиле и Колумбија беа единствени јужноамерикански земји каде на власт беше десницата, додека денес левицата е на власт уште во Боливија, Венецуела, Еквадор и Уругвај.
Моралес се бори за четвртиот претседателски мандат. За време на неговите три мандати Боливија забележа силен економски напредок, пораст на платите и намалување на стапката на сиромаштијата.
Тој е припадник на автохтониот народ Ајмара, а на власт дојде во 2005 година откако вети дека се ќе национализира. Но, неговата партија Движење кон социјализмот (МАС) се покажа многу попрагматична отколку што сугерираше реториката.
Меса, кандидатот на коалицијата Граѓанска заедница е поранешниот новинар, кој беше претседател на Боливија од октомври 2003 до март 2005 година.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност