Живот
22. January 2016 - 18:18

Мораа да ја смируваат: Баба во ресторан наздравува за Хитлер!

Роднините, децата и внуците на оваа баба, сигурно за следниот роденден нема да ја однесат во ресторан. Проблемот, кој јасно се гледа на снимкава е во нејзината необична здравица.
 
Да се спомене Адолф Хитлер во позитивен контекст навистина треба храброст, а за некаква здравица и да не зборуваме. Но, тоа воопшто не ја загрижи оваа баба, која во ресторан го славеше својот роденден.
 
Кога дојде време за здравица, оваа баба ја крена чашата и извика „Prost“!, што значи „Наздравје“. И кога сите останати ги кренаа чашите да наздрават, бабата ги изненади и извика „Хајл Хитлер“!
 
Со ова бабата ги насмеа своите најблиски, но сигурно не им било сеедно со оглед на тоа што тоа се случи на јавно место. Нејзиниот внук дури и шепна на уво дека треба да престане, но тоа не ја спречи.