Живот
12. January 2017 - 16:57

Мора да пробате: Аспиринот е многу повеќе од „апче за глава“

Аспиринот како еден од најчесто користените лекови не само што ублажува разни видови болки, туку има и други помалку познати намени во домаќинството.
 
1. Го намалува појавувањето на првут
 
Поради салицилната киселина што ја содржи, а која е состојка и на многу шампони против првут, аспиринот може да помогне во борба против здодевната напаст. Изронете два или три аспирина и измешајте ги со вообичаена количина шампон, која ја користите за секое миење на косата. Добро втријте ја мешавината во темето, оставете да дејствува три до пет минути, па темелно измијте.
 
2. Смирува убоди и угризи
 
Благодарение на своите антивоспалителни својства, аспиринот може да го намали црвенилото, отеченоста и болката од убод и од угриз од инсекти. Навлажнете таблета аспирин и ставете ја да дејствува на убодениот дел неколку минути.
 
3. Отстранува дамки
 
За отстранување на дамки од пот измешајте во сад три изронети аспирини и половина чаша топла вода. Натопете го извалканиот дел од маицата во садот и тоа нека отстои така барем два часа. Потоа исперете ја маицата. Со истата мешавина можете да ги отстраните дамките од никотин или од трева на рацете. Нанесете од мешавината на дамката, оставете да дејствува 15 минути, а потоа темелно измијте ги рацете."