Македонија
28. October 2021 - 12:02

Мопедист тешко повреден во сообраќајна незгода во скопско Морани

Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1“ во с.Морани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(33) и мопед, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.А.(24), двајцата од с.Морани, велат од МВР.

Во несреќата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.