Македонија
2. јуни 2017 - 11:49

МОН:Укинато екстерното тестирање

Министерството за образование и наука денеска соопшти дека со усвојувањето на измените на Законот за основното образование, на Законот за средното образование и на Законот за наставници во основните и средните училишта се укина екстерното тестирање.

- Собранието на Република Македонија вчера донесе Закон за изменување на Законот за основното образование, Закон за изменување на Законот за средното образование и Закон за изменување на Законот за наставници во основните и средните училишта со кои се укина екстерното тестирање, стои во соопштенито.

Измените на законите, како што посочуваат од Министерството, се објавени во „Службен весник на Република Македонија” бр. 67 од 1 јуни 2017 година и стапија во сила со денот на нивното објавување.

- Со овие законски измени е укинато екстерното тестирање и нема да се спроведува. Сите отпочнати постапки во врска со екстерното проверување на знаењето на учениците запираат, се додава во соопштението.