Балкан
8. March 2017 - 13:23

Монтрумот негира силување, а тригодишната Анѓелина беше пронајдена со распорен стомак и истурени органи

Владица Рајковиќ (28) од селото Вратарница призна вчера на почетокот од судењето во Вишиот суд во Зајечар дека е одговорен за смртта на тригодишното девојче Анѓелина Стафановиќ која летоска за грабна од роденден, но негираше дека ја убил и силувал.

Тој тврди дека девојчето кое го грабнал од роденденот на својата едногодишна внука на 9.јули 2016 година, ја носел на рамена и заедно паднале, негирајќи ги наводите од обвинението - дека ја удрил со камен (пречник 25 со 30 цм) по глава. Исто така негирал дека ја силувал.

Тој е обвинет дека девојчето го однел до шумата оддалечена околу 300 метри од првите селски куќи и тука ја силувал во меѓата. Потоа на детето му пресудил со удари со камења и раце.

Адвокатот на семејството Стефановиќ, Маја Атанасковиќ рече по судењето, дека овој исказ на обвинетиот е целосно спротивен со обдукцискиот наод и наодот за нанесени повреди.

Foto: Telegraf

Медиумите пренесуваат дека Рајковиќ за време на судењето се држел мирно, сталожено, без да покажува знаци на каење. Мајката на убиеното девојче, Данијела Стефановиќ даде изјава во својство на сведок, по што и се слоши.

Рајковиќ барал судењето да биде затворено за јавност, но петчлениот судски совет не го дозволи тоа.

Судењето продолжува на 29 март, кога е планирање испрашување на вештаците од Медицинскиот факултет во Ниш, каде е правена обдукцијата.