Балкан
5. July 2017 - 20:09

Монструозно злосторство во Центарот за социјална работа: Со камен ја убил сопругата и побегнал, ова е монструмот

Милан Ловриќ е човекот е осомничен дека денеска попладне со камен ја убил својата поранешна сопруга и мајка на три деца.

Злосторството се случи пред Центарот за социјална работа во населбата Тошин бунар во Белград.

Ловриќ злосторството наводно го извршил пред децата со кои требало да се сретне во просториите на Центарот.

По злосторството Ловриќ побегнал и полицијата и натаму трага по него.

Да потсетиме, денеска попладне, нешто по 15 часот пред зградата на Центарот за социјална работа Тошин Бунар маж ја пресретнал својата поранеша сопруга и децата кои тргнале во зградата на Центарот и ја нападнал со камен, при што ја удирал по глава додека не ја усмртил, па потоа побегнал.