Балкан
27. October 2016 - 13:32

Монструозно убиство: Ја претепал сопругата па ја фрлил од тераса

Д.Ј. (41) од Дољи Видов кај Параќин починала по тешкото злоставување од страна на својот сопруг Г.Ј.

Тој е задржан во полиција под сомнение дека ја претепла сопругата, а потоа ја фрлил од тераса. По пријавата на соседите полицијата и итната помош ја затекнале несреќната жена пред куќата, се обиделе да ја реанимираат, но без успех.

-Таа мртва е донесена во болница, а смртта настапила поради повеќекратни повреди опасни по живот, и немаше спас, рекоа од болницата.

Нивното тригодишно дете е преземено од страна на Центарот за социјална работа.