Живот
26. April 2018 - 14:31

МОНСТРУОЗНО: Рапер призна дека киднапирал, мачел и убил тројца студенти

Мексиканскиот рапер и ѕвезда на Youtube Омер Палма Гутјерез, познат како QBA призна на полицијата дека со својата банда киднапирале и убиле, а потоа и ги уништиле телата на тројца студенти со киселина.

Гутјерез признал дека ги мачеле и ги убиле студентите на филмски студии Салоном Ачевес Гастелеум, Даниел Дијаз и Марко Авалос, а потоа нивните тела ги ставиле во киселина.

Студентите се киднапирани на 19-ти март во Гвадалахара додека работеле на филмски проект за факултет, но на локација која очигледно била под контрола на нарко-картел.

Поранешниот рапер вели дека примал 3.000 пезоси неделно (159 долари) за да работи за нарко-картелот Халиско Нова генерација, еден од најмоќните во Мексико во моментот, како и дека таму го уфрлил пријател пред три месеци.

Инаку тој има две одделни страници на Фејсбук, со 140 илјади следбеници, канал на Youtube со 125.000 претплатници и спотови од неколку милиони прегледи.

Во песните кои носат назив како „Смртта не се закажува“, Гутјерез пее за насилство, оружје, дроги и секогаш со заканувачки тон.

Исто така, неговите авторски снимки прикажуваат сиромашни населби во кои повеќето малолетни момчињасе припадници на нарко-картел.