Балкан
10. August 2016 - 13:32

Монструозна случајност: Отишла да трча ја убиле како Јелена

27-годишната Ванеса Маркот е пронајдена мртва во стравична состојба откако е пријавена за исчезната. И таа трчала на насип кога била брутално убиена, исто како српската пејачна Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, по чиј убиец сеуште се трага.

Таа била брутално претепана, па нејзиното тело е најдено запалено во шума. Претходно била силувана.

Ќе се врши обдукција на телото на несреќната жена.