Балкан
11. July 2016 - 20:40

Монструмот се јавил кај својот татко додека ја силувал Ангелина - човекот се распаметил од детскиот крик

Небојша Рајковиќ, татко на монструмот од Зајачар кој ја силувал и ја убил тригодишната Ангелина од соседството, шокиран од ваквото злосторство на својот син, одлучил да ги подели деталите од трагедијата која го потресе неговиот дом, но и цела Србија. 

Имено, тој бил прв кој за време на убиството и силувањето на несреќнто девојче имал прилика да се слушне со својот син, Владица Рајковиќ (28).

- Кога слушнавме дека Владица исчезна со Ангелина веднаш му се јавив. Првиот пат се јави и рекол дека отишол дома за да оди во тоалет, следниот пат кога му се јавив накај 22 часот, телефонот на кратко му се уклучи, се слушна детски врисок и се прекина врската. После тоа беше недостапен и картицата повеќе не му беше во функција. Се воспостави дека Владица не дошол во куќата, а единственото нешто што го најдовме беше неговата облека, раскажува таткото небојша. 

- Ова здрав ќовек не би го направил. Тешко на нас, подобро да не го гледам повеќе. чекам да се смири ситуацијата, впечатоците се свежи, да се стиши ситуацијата малку, па да одиме кај семејството на Ангелина да изразиме сочуство како луѓе, рекол татакото. 

Таткото на Владица раскажува дека ништо не насетувал дека ќе се случи вакава трагедија.  

- Во шок сме, не веруваме дека такво нешто се случило. Такво нешто нормална личност не би можела да направи, вели вознемирениот татко и додава: 

- Владица на роденденот беше нормалне, весел, испи неколку чаши вино, Ангелина ја носеше на рамена, си играа.,

Инаку Владица во селото го знаат како вреен и добар човек.