Балкан
11. February 2017 - 19:32

Монструмот не се кае: Ја нудел малолетната ќерка за илјадарка

Ден откако во јавноста излезе судбината на малолетничката од Смедеревска Паланка која таткото ја подведувал за да си ги плати долговите, но и за секојдневно преживување, соседите на ова семејство се во шок.

-Таткото беше крадец, тоа е. Се знаеше во соседството дека се проблематични, посебно тој, но детето вака да го упропасти, не можевме ни да претпоставиме, вели првиот сосед на семејството на несреќното девојче.

Иван М. (46) таткото и Тања М. (38) мајка се уапсени под сомнение дека минатите две години ја подведувале и на секс со познати и непознати ја принудувале својата малолетна ќерка која сега има 15 години. Во притвор се, освен тие двајца и Д.Ј. (54), В.С. (46), П.С. (32) и З.Ѓ. (43) од Смедеревска Паланка, кој се осомничени дека имале секс со девојчето за на тој начин да си ги наплатат долговите кои ги направил нејзиниот татко.

-Таткото го призна делото, и дури може да се каже дека за тоа зборувал без емоции. Во секој случај ќе биде наложено и вештачење на неговата психијатриски состојба, велат од обвинителството.

Иван М. од претходно и е познат на полицијата и повеќе пати е приведуван поради ркажби. Во соседството го знаат како таков, а еден од соседите вели дека отворено му се заканиле дека ќе го претепаат ако нешто им исчезне од куќите, зошто нема кој друг освен него да украде.

Девојчето, според сознанијата о обвинителството од 2015 година кога имала 13, била принудувана на проституција и давањето на сексуални услуги на доверителите на неговиот татко, а подоцна и другите. Станува збор за долгови од 5.000 до 30.000 динари по кафеани низ Палнка и Белград, но и слични износи кои ги позајмувал од соседи, кои очигледно не им пречело долговите да си ги наплатат на овој начин.

-Јас и зборував да не го прави тоа. Не е таа виновна, вели една девојка од улица, веројатно нејзина врсничка или малку постара, упатувајќи на тоа дека целото соседство знело што прави малечката.

Куќата во која живеат сега е руина. Од покривот се исечени каблите, а ветрот ги развејува завесите на влезната врата со скршено стакло.

-Тие не се тука најмалку година дена, откако им е исечена струјата - објаснува еден од соседите.

Токму таа година откако не се тука, веше најлоша за девојчето. Таткото имено, по неговото сопствено признание, ја однел во Белград каде кај Плавиот мост на автопатот ја нудел за илјадарка.