Балкан
26. July 2016 - 18:19

Монструмот кој ја уби Тијана во ќелијата игра игри и гледа телевизија, а од неодамна има и цимер!

Монструмот кој ја уби Тијана Јуриќ (15) на денешен ден, точно пред две години, во затворот живее подобро од половина жители во Србија. Во собата има клима, телевизор и каблобска, и iгра игрици, а по скоро две години живот во самотија, доби и цимер, со кој ја дели собата.

Како што неофицијално пренесуваат српските медиуми, монструмот Драган Џуриќ до скоро време бил сам во ќелијата, секојдневно имал прошетка од два часа, три оброци дневно, му стигаат пакети двапати месечно, и се поставува прашање дали ваков третман е реален за некој кој извршил таков злочин и свирепо убил ангел како што е Тијана.

- Двочасовна прошетка во текот на денот, ТВ, користење на конзоли со игри, оброци, теретана, пакети кои ги добива два пати месечно, посетите се нешто што мора да се исполни по закон, и сите затвореници имаа ист третман, велат за Телегреф.рс од Управата за извршување на кривични санкции.

Како што неофицијлно дознаваат српските медиуми, монструмот кој е осуден на 40 години затвор го посетуваат единствено мајката, но два пати месечно му стигаат пакети до 10 килограми, во кои може да има облека, книги, храна и нешто слични намирници и работи.

Монструмот се однесува согласно со прописите, не дава никакви знаци по кои би се видело дека се кае за монструозниниот злочин, а не покажува ниту пак знаци на депресија. Скоро две години бил на индивидуална програма, која ја исклучува можноста да ја дели собата со некого, меѓутоа, сега очигледно е проценето дека има можност да има цимер, и тоа кој направил сличен злочин.

Во Скела се наоѓаат веќе осудени за слични дела, како Милиша Јевтовиќ, Саше Меге и Драган Николиќ Чомбе, па голема е веројатноста Џуриќ да биде сместен со некој од нив, затоа што основен принцип да ја дели ќелијата со некој кој нема да му ја загрози безбедноста.