Потоа судскиот вештак Раденко Вуковиќ објасни дека Сабо при апсењето ниту во крвта ниту во урината немал алкохол, што значи дека монстуозното злосторството го сторил во трезна состојба.
Да потесетиме, во обвинението се наведува дека Арпад свесно ја убил сопругата и детето. Таа ноќ меѓи 15 и 16 август минатата година, прво ја убил Славица, и тоа така што во бањата од станот почнал да ја удира по главата и телото. Потоа го зел кујнскиот нож со сечиво од 20 см и на Славица и задал три убодни рани во вратот, но тука на запрел туку продолжил да и го касапи гркланот, ѕидот на ждерелото и крвните садови.
Потоа обвинетиот отишол до детското креветче во кое спиела четиримесечната Николина. Прво со рака и го скршил темето од главата, а потоа со истиот нож со кој ја убил Славица, и го пресекол вратот.
Продолжението на судењето е закажано за 20. октомври.