Живот
15. July 2015 - 10:56

Монструми: Го врзаа за бандера, па брутално го претепаа со шипки додека не почина

Страшно видео од убиство во Бангладеш се појави на интернет, а на него се гледа како е претепано 13-годишно дете, кое после тоа починало.
 
Момчето го врзуваат за метален столб на една автобуска станица, а потоа се метални шипки го маваат по цело тело.
 
Кога момчето ќе им побара вода, напаѓачите му велат да се напие од сопствената пот.
 
Еден од нив го обвини момчето дека е крадец и затоа го тепаат.
 
После тепањето 13-годишниот Раджон починал, на неговото тело биле пронајдени дури 60 рани.
 
Еден од напаѓачите е уапсен веднаш откако е пријавено дека сакал да го фрли телото на момчето.
 
Погледнете го видеото...
https://