Бизарно но вистинито
9. July 2016 - 9:21

МОНСТРУМ: Продавал туѓо бебе - барал 4.000 евра за новороденче

Во францускиот град Монпеље полицјата во неделата добила дојава дека маж, со потекло од Босна и Херцеговина, пробува да продаде новороденче за 4.000 евра.

Одма по дојавата, 24 годишникот е уапсен, заедно со својата партнерка. Тие сега се наоѓаат во притвор, а државните органи ги бараат биолошките родители.

Од полицијата сепак велат дека немаат цврсти докази дека тој сакал да го продаде бебето. Детето кое пробале да го продатат е предадено на француските власти на нега и е во добра здравствена состојба без траги на физичко насилство.