-->
-->
Монструм од Зајечар: Ја фрлил сопругата од осми спрат, а ќерката крвнички ја претепал
-->
Единствениот сведок на синоќешната трагедија која се случи во населбата Краљевица во Зајечар, кога Милен Миленовиќ (31) ја фрли од тераса на осмиот спрат својата невенчана сопруга Татјана Рангеловиќ (43), а потоа и самиот скокнал и си пресудил, била Марија Рангеловиќ, ќерка од првиот брак на убиената Татјана.
Марија веднаш по трагедијата била пренесена во болница. Девојката е единствениот очевидец на трагедијата, но сеуште нема дадено изјава затоа што не може да зборува поради повредата која ја има, а исто така заради болките била и под седативи.
– Кога отидовме да земеме изјава од Марија, прво не шокираше нејзиниот изглед. Лицето и беше целото со модринки, скоро целосно изобличено. Не можеше да даде никаква изјава, па ќе се обидеме кога ќе и биде подобро, изјавиле од полицијата.
Според српските медиуми, девојката била на инфузија, затоа што од ударите кои и ги нанел Милен имала скршеница на јаболчната коска и потрес на мозокот.
– Милен најверојатно прво ја претепал ќерката, а нејзината мајка во обидот да ја обрани, ја фрлил од тераса. Потоа и самиот се фрлил и извршил самоубиство. Постои и помалку веројатна верзија, во туркањето несакајќи да ја бутнал Татјана, па кога видел што направил, и самиот да се фрлил, изјавил полициски извор.
Милен пред десетина години заради љубовни проблеми скокнал од четврти спрат, но тогаш слетал на паркиран автомобил, па завршил само со скршена нога.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море