Монструм ја силувал ќерката повеќе од 600 пати: Сега го чека казна од 12.000 години затвор но и уште една поужасна работа
Татко монструм (36) од Малезија уапсен е поради вкупно 646 обвиненија за силување, сексуално злоставување и инцест над својата малолетна ќерка.
На судскиот службеник му биле потребни два дена да ги прочита сите обвиненија против мажот, кој почнал да ја злоставува својата 15-годишна ќерка откако пред две години се развел од нејзината мајка.
Обвинет е за 599 случаи на инцест, силување и сексулано злоставување кое го извршил во период од шест месеци, додека жртвата живеела со него.
- Обвинениот ги негира сите обвиненија, а би можела да му биде изречена казна од 12.000 години затвор ако го прогласат за виновен - изјавил за АФП заменик државниот обвинител Аими Сјавзани.
Специјалниот суд за сексуални злочини против деца во Путрајаи би можел на мажот да му одреди по 20 години затвор казна за секое поединечно обвинение но и камшикување. Уапсен е во јули откако мајката на девојчето го пријавила во полиција.
Погледнете го видеото.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците