Македонија
26. April 2018 - 17:00

Монструм и 27 април централни теми на пратеничките прашања- седницата започна со „чочек“

Дали доказите за кои тврдевте дека го расчистуваат убиствотот кај Смиљковското езеро навистина го прават тоа или пак, на крајот ќе видиме дека тие докази ќе расчистат што се случувало во процесот на добивање на субвенции од тие што се во разговорите? Ова е првото пратеничко прашање што денеска на седница го доби премиерот Зоран Заев. Прашањето стигна од пратеникот Зоран Илиевски, од ВМРО-ДПМНЕ.

Едно од централните прашања кои беа поставени од опозциската ВМРО-ДПМНЕ на оваа седница беше и прашањето за апсењето на пратениците обвинети за случајот 27 април имајки пред вид дека народниот правобранител оценил дека се работи за незаконско постапување.

За случајот со насилството меѓу ученици министерката Дескоска одговори дека тоа насилство е резултат на владеењето на минатата гарнитура која владеела со говор на омраза, но и дека за тоа ќе се прават измени во законот за основно образование.

Ова е прва седница за пратенички прашања на која учествува ВМРО-ДПМНЕ по прекинот на нивниот бојкот. Пратениците на оваа партија ја почнаа седницата со пуштање на музика од отворањето на автопатот Демир капија – Смоквица.

Власта и опозицијата денеска се судрија и за тоа дали и кој повеќе го почитува институтот за пратенички прашања.

Од Владата одговорија дека премиерот и министрите редовно учествуваат на овие собраниски сесии, но дека некогаш поради нивните службени ангажмани на терен осуствуваат, поради што можат да одговарат писмено. Од СДСМ, обвинија, пак, дека половина од пратениците на опозициската партија не се присутни во собраниската сала.