Loading Video...
Ракомет
26. May 2018 - 19:50

Монпелје го елиминира Вардар во полуфиналето на ЛШ

 
Актуелниот македонски и сеуште европски првак Вардар, нема да ја брани европската титула, откако во полуфиналето е елиминиран од францускиот тим Монпелје, 
 
Вардарци во полуфиналето на завршниот фајнал-фор турнир во Келн, се поразени од Монпелје со 27-28 полувреме 11-14.
Францускиот тим добро го отвори мечот па во воведните 13.минути постојано имаше предност се до првиот гол на Мораеш со кој црвено-црните поведоа со 7-6 во 14-минута. 
 
Но набргу потоа Монпелје одново ја презеде предноста која на крајот на полувремето изнесуваше три гола 14-11 за францускиот тим. 
 
И во вториот дел Монпелје постојано го контролираше резултатот се до завршните 90-секунди кога Стоилов за прв пат го израмни резултатот на 27-27. Сепак, вардарци не успеаја да се одбранат од последниот атак на Монпелје кој благодарение на Аргентинецот, Симоне и само вториот негов гол на мечот, стигнаа до гол предност, која избраниците на Раул Гонзалез не успеаја да ја анулираат па на крајот мораља да се помират со пораз (27-28). 
 
Така Вардар утре од 15 часот во дуелот за 3.место за противник ќе го има ПСЖ кој во француското полуфинале загуби од Нант со 32-28.
 
Кирил Лазаров со своите осум гола за Нант и вкупно 59 на фајнал-фор турнирите стана најдобриот стрелец на завршниците на ова натпреварување.