Монпеље европски првак во ракомет | Сител Телевизија
Ракомет
27. May 2018 - 20:11

Монпеље европски првак во ракомет

Ракометарите на Монпеље триумфираа во Лигата на шампионите откако во финалето го совладаа Нант со 32-26.

Француското финале мина во знакот на екипата што го елиминира Вардар иако Нант за кој добро играше Кире Лазаров успеа во вториот дел да се врати со израмнување 24-24 но не и да направи пресврт.
Нашиот капитен постигна 6 гола.