Македонија
3. December 2016 - 9:15

Монографија за сликарството на Павле Кузмановски

Во културниот центар на манастирскиот комплекс во село Лешок денеска ќе биде промовирана монографијата за сликарството на Павле Кузмановски.

По овој повод ќе биде отворена и изложба на дваесетина слики од Кузмановски, создадени последниве години. 

За монографијата што ја издаде „Матица македонска“ и за сликарскиот опус на Кузмановски ќе зборуваат Ѓорѓи Филипов, Ефтим Клетников, Паскал Гилевски и Јован Дамјановски.