Македонија
15. July 2020 - 19:37

Мониторинг на МОСТ: Фотографирано гласачко ливче, одѕивот околу 40 отсто

Според досегашните потврдени информации од набљудувачите на МОСТ, на гласачките места имаат забележано неправилност на гласачкото место 0755 во село Осој, Општина Кичево, при што еден гласач го фотографирал гласачкото ливче и го ставил во гласачката кутија.

-Била повикана полиција, фотографиите биле избришани, полицијата направила записник, а лицето било приведено на информативен разговор, наведоа на прес-конференцијата на МОСТ.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите по изборни единици е – во Изборна единица 1 до 15 часот – 35,93, до 16 часот – 39,29, до 17 часот – 42,31 и до 18 часот 45,13 отсто.

Во ИЕ 2, според МОСТ, до 15 часот на гласање излегле 31,78, до 16 часот 34,88, до 17 часот 37,88 и до 18 часот – 41,06 отсто, додека во ИЕ 3 до 15 часот излегле 37,27, до 16 часот 40,45, до 17 часот 43,95 и до 18 часот – 47,64 отсто од гласачите.

Во Изборна единица 4 до 15 часот излегле 37,87, до 16 часот 41,71, до 17 часот 45,83 и до 18 часот 50,25 проценти од гласачите, а во ИЕ 5 до 15 часот 33,10, до 16 часот 36,44, до 17 часот 39,56 и до 18 часот 42,70 проценти од гласачите.

Правото на глас во Изборна единица 6 до 15 часот го оствариле 24,78, до 16 часот 28,23, до 17 часот 31,19 и до 18 часот 33,97 проценти од гласачите.