Македонија
27. May 2020 - 10:59

Моника Конопова: Татко ми вчера се обиде да ме убие, ми го скрши носот и ми ја измести вилицата

Активистката Моника Ристеска, односно Конопова како што самата се претставува, вечерва на социјалните мрежи објави вознемирувачки фотографии како е претепана, од како што тврди, нејзиниот татко Стојан Ристески.

-Пред два часа татко ми Стојан Ристески неписмен бездушник и хроничен алкохоличар на ул Антон Чехов 41б во геге, се обиде да ме убие кога тргнав во кујна да земам храна. Ме нападна со тупаници и дрвено столче во глава, ми го скрши носот и ми ја измести вилицата! #семејнонасилство, напиша таа на социјалните мрежи.