Џет-Сет
6. March 2019 - 10:26

Моника Белучи во Париз со своето помладо момче

Италијанската глумица и, според многумина, една од најубавите жени на светот, Моника Белучи на Модната недела во Париз се појави со своето ново момче кое е 18 години помладо од неа.

Станува збор за францускиот уметник, сценограф и манекен Никола Лефевр. Моника во 2017 година откри дека има нов маж во својот живот, но долго време тој беше тајна за нејзините обожаватели.

Глумицата се разведе од својот колега Винсент Касел во 2013 година.