Loading Video...
Фудбал
10. January 2018 - 15:49

Монако прв финалист во Лига Купот на Франција

 
 
Актуелниот шампион и минатогодишен финалист во Лига Купот на Франција екипата на Монако, е првиот тим кој обезбеди пласман во полуфиналето. 
 
Монако синоќа на гостувањето кај Ница забележа победа со 2-1 во првиот меч од четвртфиналната рунда. 
 
Гостите поведоа уште во третата минута со голот на Лемар, но веќе во 18-тата минута Ница израмни преку Алесан Плеа. Триумфот на Монако, а со тоа и пласманот во полуфиналето им го донесе Диакаби во 37.минута. 
 
Вечерва ќе бидат познати останатите три екипи кои ќе играат во полуфиналето, откако своите четвртфинални дуели ќе ги одиграат: 
 
Среда 
18,45  Рен – Тулуз 
21,05  Амиен – ПСЖ 
21,05  Анжер – Монпеље