МОН: Стипендии од 3.500 денари за учениците во дуалните паралелки
Министерството за образование и наука (МОН) од наредната учебна година ќе ги зголеми стипендиите за учениците од средните стручни училишта. Обезбеден е фонд за 2.200 стипендии за ученици од прва година, во вкупна вредност од околу 60 милиони денари, што како што соопшти Министерството, е 10 кратно зголемен буџет во однос на минатата учебна година.
Од МОН посочуваат дека ова дополнително ќе ги стимулира учениците кои своето образование ќе го продолжат во едно од стручните средни училишта во земјава.
Со овој фонд, според Министерството, предвидено е 1500 ученици кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование ќе добиваат месечен износ од 3.500 денари за 9 месеци во годината, 500 ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење ќе добиваат исто така по 3500 денари месечно, додека 200 ученици од прва година кои реализираат наставни планови ипрограми од: електротехничка струка, градежно-геодетска струка, угостителско-туристичка струка, земјоделско-ветеринарна струка, машинска струка или текстилно-кожарска струка ќе добиваат месечен износ од 2200 денари.
Со Конкурсот за упис во средни училишта во учебната 2021-2022 година, во 109 средни училишта е предвидено вкупно 30.053 слободни ученички места во 913 паралелки, од кои 19.602 во стручно образование во 604 паралелки, 9.261 во гимназиско образование во 274 паралелки и 1.190 ученички места во 35 паралелки во уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и математичко – информатичка гимназија.
-Се зголемува бројот на ученички места во стручно образование и тој ќе изнесува 65,22% од вкупниот број, наспроти бројот на ученички места во гимназиско образование кој е намален и ќе изнесува 30,82% од вкупниот број на сите ученички места, се наведува во соопштението на МОН
Ново на Сител
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ