Македонија
20. May 2016 - 19:32

МОН промовира портал за тутори

Амбициозни студенти со просек над 8 ќе можат да се пријават за тутори на ученици по областа на која студираат.  МОН од септември го отвора  интерактивниот  портал за тутори на кој студентите ќе можат да аплицираат. Избраните ќе даваат дополнителни часови за ученици од 6то до 9то и средно образование преку цела учебна година. Проектот е со обостран бенефит.  Учениците ќе добијат  помош и поддршка во одредена материја што е од големо значење и за родителите бидејќи ангажирањето тутор ќе биде  бесплатно. Студентите пак ќе развијат способност за предавање, но  туторството можат и да го материјализираат.  Доколку најмалку 2ца ученици добијат повисоки оценки по предметите за кои им помагаат,  туторите ќе се  стекнат со дополнителни 10 поени при аплицирањето за  стипендии.

Кандидатот за да тутор  треба да е редовен студент, со бараниот просек, да има препорака од професор и да не е осудуван или да му е изречена казна за вршење на професија. Апликациите ќе ги проверува комисија од двајца претставници на МОН, еден од бирото за развој на образованието, по еден наставник од основно, средно , факултет и психолог. Туторите на учениците  ќе ги избираат самите родители и тоа од општината населбата во која живеат.