МОН: Ги слушаме барањата на универзитетите и студентите
Министерството за образование и наука го послуша гласот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и на студентите околу немањето потреба од распишување на конкурс за дисперзирани студии на овој Универзитет, се наведува во реакцијата од МОН на прес-конференција на Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.
- Уште на самиот почеток најавивме враќање на автономијата на Универзитетот, а донесувањето одлука за укинување на дисперзираните студии е резултат на укажувањата кои стигнаа до нас од страна на Универзитетот за непостоењето на интерес од страна на студентите за овие студии во изминатите неколку години. Постојат јасни согледувања за неможноста да се обезбеди ист квалитет на студии надвор од матичните Факултети, се вели во реакцијата.
Од МОН посочуваат дејка нема да дозволат да постојат студенти од прв ред и студенти од втор ред кои ќе учат во несодветни субстандардни услови надвор од матичните факултети и оти заложба на Министерството е да ги поддржува универзитетите во обезбедувањето квалитетно високо образование и да им овозможи на студентите дипломи кои ќе им гарантираат знаење.
- Јасно ни е дека ВМРО-ДПМНЕ е во паника бидејќи нивниот ефтин популизам е препознаен од сите, и од универзитетите и од студентите. Со нивната хистерична реакција во однос на укинувањето на дисперзираните студии на УКИМ, всушност се обидуваат да ја дефукусираат јавноста од вистинските проблеми кои тие ги оставија во образованието, огромните долгови во студентските и ученичките домови, во основните и средните училишта, штетните договори кои ги имаат склучувано за издавање на несоодветно преведени книги кои не можат да се користат заради лошиот превод и за сите сомителни зделки на коишто впрочем укажува и ревизорскиот извештај од 2015 година за Министерството за образование и наука. Пред ВМРО-ДПМНЕ да се фали со наводни „успеси” во опремување за лабаратории на државните високообразовни установи и јавни научни институции, нека го отвори ревизорскиот извештај и да одговори на наводите во него дека вкупната вредност на лабароториите “се разликува од вредноста во фактурите”. Исто така ВМРО-ДПМНЕ должи одговор каде е опремата за лабараториите која била набавена за Факултетот за безбедност, а која никогаш не стигнала до овој Факултет. Ова се само дел од примерите кој покажуваат колку ВМРО-ДПМНЕ се грижеше за подобрување на образованието во нашата држава и нивното „законско работење“, се наведува во реакцијата од МОН.
Според МОН, универзитетот, студентите и пошироката јавност уште на самиот почеток ја гледаат искрената намера на Министерството за подобрување на условите во образованието и оти престојат сериозни промени во образованието со нивно активно вклучување во овој процес.
Ново на Сител
-
Артета: Сочувствувам со Гвардиола, минува низ пекол
-
Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти
-
Откорната плочата на почесниот конзулар на Србија во Куманово
-
До 5 години затвор за лицето кое го запали македонското знаме во Скопје | ФОТО
-
Кошта: Треба да работиме на проширувањето на ЕУ без вештачки временски рокови и бесконечни пречки
-
ОЈО: Предложен притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза
-
Педесет и седумгодишен маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода
-
Куманово: 20-годишник приведен за непочитување на наредба на ненајавен собир по повод Денот на албанското знаме