Македонија
7. October 2020 - 20:51

МОН ги демантира тврдењата на Средношколскиот сојуз дека онлајн платформата чини 15,5 милиони евра

Министерството за образование и наука ги демантира тврдењата на Сојузот на средношколци  дека онлајн платформата чини 15,5 милиони евра. МОН како што и претходно веќе информираше ја известува јавноста дека онлајн платформата е целосно бесплатна и е производ на заедничка и посветена работа на претставници од ФИНКИ, Бирото за развој на образование и Министерството за образование и наука и за нејзиното создавање не е потрошен ниту еден денар. Платформата е функционална и од почетокот на годината до сега над 80% од учениците од средните и основните училишта успешно ја следат наставата и се задоволни од понудениот модел. Останатите околу 20 % немаат проблеми со платформата, туку со интернет конекција или немање уреди, за што МОН е во постојана координација со градоначалниците и директорите на училиштата и тековно се решаваат овие предизвици. 

Министерството за образование и наука уште еднаш се заблагодарува за ентузијазмот на сите лица кои се вклучени во креирањето на платформата со цел да се обезбеди учење од далечина во услови на пандемија.