МОН ги демантира тврдењата на Средношколскиот сојуз дека онлајн платформата чини 15,5 милиони евра
Министерството за образование и наука ги демантира тврдењата на Сојузот на средношколци дека онлајн платформата чини 15,5 милиони евра. МОН како што и претходно веќе информираше ја известува јавноста дека онлајн платформата е целосно бесплатна и е производ на заедничка и посветена работа на претставници од ФИНКИ, Бирото за развој на образование и Министерството за образование и наука и за нејзиното создавање не е потрошен ниту еден денар. Платформата е функционална и од почетокот на годината до сега над 80% од учениците од средните и основните училишта успешно ја следат наставата и се задоволни од понудениот модел. Останатите околу 20 % немаат проблеми со платформата, туку со интернет конекција или немање уреди, за што МОН е во постојана координација со градоначалниците и директорите на училиштата и тековно се решаваат овие предизвици.
Министерството за образование и наука уште еднаш се заблагодарува за ентузијазмот на сите лица кои се вклучени во креирањето на платформата со цел да се обезбеди учење од далечина во услови на пандемија.
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува