МОН: Државниот студенски центар „Скопје“ должи над 280 милиони денари
Министерството за образование и наука денеска информираше дека Државниот студенски центар „Скопје“ под чија надлежност се студенските домови „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски - Питу“ должи над 280 милиони денари.
Во соопштението се наведува дека до 31 мај годинава долговите достигнале 282.754.637,00 денари. Само по основ на комунални услуги, греење, комуникација и транспорт, долгот изнесувал 101.720.685,00 денари до крајот на минатиот месец.
- Доколку, раководството на ДСЦ „Скопје“ - Скопје, навреме ги подмируваше долговите и обврските, немаше да се доведат студентите кои се сместени во Студентскиот дом „Гоце Делчев“, но и во останатите студентски домови да ги подготвуваат испитите во темница, и да стравуваат дека ќе останат без електрична енергија или вода за пиење и елементарни услови за престој во објектите. Министерството за образование и наука, како што претходно информиравме, вложи напори за надминување на проблемот со електричната енергија во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје и студентите кои се сместени во истиот да ги добијат основните услови за престој, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи