Свет
17. February 2019 - 14:33

Момент на ужас за руските студенти: Вака изгледаше рушењето на кат во универзитетот во Санкт Петербург

Застрашувачка снимка од внатрешноста на универзитетската зграда во Санкт Петербург како се руши, се појави на социјалните мрежи.

На неа се гледа како прво пука ѕидот, а потоа паѓа заедно со плафонот. Според зборовите на рекоторот на училиштето, нема повредени во училниците каде се урна покривот. Само една наставничка е префрлена во Ургентниот центар.

Камерата која се наоѓа во внатрешноста на Универзитетот го сними моментот кога почна рушењето. Се се одигра за само неколку моменти, а потоа падна и дел од плафонот и ѕидот, а камерата престана со снимањето.

На снимкаа се гледа како ѕидот испукал за неколку секунди. Пукнатина е голема и изгледа застрашувачко, а отпаѓањето на плафонот исто така е страшно.

„Од училницата каде се одржувале предавања, а во кои падна покривот, нема повредени зошто сите студенити и професори успеале да излезат на време - рече ректорот.

Универзитетската зграда делумно пропаднала во градот Санкт Петербург, додека во тек биле предавања. Според последните информации, до сега се евакуирани 85 лица. Рушењето почнало од таванот на последниот кат.