Македонија
2. December 2018 - 17:55

Момчиња приведени по тепачка пред кафеана

Две лица се приведени откако синоќа го нарушиле јавниот ред и мир пред угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ во Тетово.

Како што информираат од полицијата, пред објектот дошло до тепачка меѓу лицата М.В.(19) од село Брвеница и З.В.(21) од село Рогачево.

Двајцата се приведени и задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.