Живот
11. January 2018 - 13:46

Момчето секој ден гледало како вежбаат, па сопственикот на теретаната го изненади

Фотографијата на едно сириско момче (12), Мухамет Халит, кој заработува во Турција чистејќи чевли, кое секој ден стои пред стаклото на вежбална гледајќи внатре внатре, го заврте светот и стигна и кај сопственикот на теретаната, кој одлучи да му даде на детето животно членство, пишува "Дејли мејл".

Енгин Доган, сопственик на теретаната, рече дека веднаш штом ја видел фотографијата, сакал да го најде момчето и да му понуди животно членство. Така и се случи. 

"Отсекогаш сакав да ослабам, и сега конечно верувам дека можам да го направам тоа со вежбање", рече момчето, кое беше возбудено од овој потег од сопственикот на салата.