Македонија
24. March 2018 - 16:33

Момчето на исчезнатата македонска актерка во Холивуд се самоуби за време на полициската потера по него

Во драматична бркотница со полицијата се самоуби момчето на исчезната македонска студентка по актерство Адеа Шабани во Лос Анџелес. Американските медиуми ја пренесуваат веста дека 33-годишниот Кристофер Спотц си го одзел животот со неколку куршуми откако не успеал да и избега на полицијата во Калифорнија. Според службените извештаи, Спотц управувал со украдена Тојота за која се претпоставува дека е поврзана со убиството на 25-годишната македонка Адеа Шабани. Но дали навистина се работи за убиство не потврдува ниту приватниот детектив на семејството Шабани кој вели дека потрагата по девојката е се уште активна.

25-годишната Адеа Шабани се води за исчезната од 23 февруари, а американските власти нудат награда од 25.000 долари за корисна информација која ќе помогне за пронаоѓање на македонската студентка.