Џет-Сет
23. January 2016 - 12:30

Момчето на Цеца објави фотографија: Еве како изгледа кога пејачката бакнува!

Светлана Цеца Ражњатовиќ веќе една година ужива во врската со моделот Александар Јововиќ, а судејќи по фотографиите на Инстаграм, не постои сомнеж дека им е убаво во врската.
 
Пејачката долго не го претстави својот партнер во јавноста, па затоа сега сите очи се свртеа кон новиот пар. Цеца и Александар се запознале за време на снимањето на спотот, а тогаш се појавиле и првите искри.
 
Пред еден месец Александар објавил фотографија каде е прекриен со црвени бакнежи. Со оглед на тоа што се веќе една година заедно, не постои сомнеж дека се работи за карминот на Цеца. Оваа слика привлече голем број внимание кај неговите следбеници кои оставиле бројни коментари.