Џет-Сет
27. јуни 2017 - 11:13

Момчето и умре од дрога, а таа ги исече вените: Познатата пејачка се вереше повторно со ова момче

Пејачката Дуња Илиќ, чие момче почина зошто се предозира кон крајот на јануари, веќе му најде замена, иако себеси се нарекуваше „вдовица“ по неговата смрт.

Дуња сега на Инстаграм објави фотографија со веренички прстен и некои пријатели и честитаа.

Инаку, контроверзната пејачка прво ги изненади фановите со потресната објава дека станала вдовица зошто момчето и починало, а потоа на Инстаграм објави фотографија на која се гледа дека на раката има необична тетоважа во боја, која изгледа како да ги исекла вените.

„Седум часа ја гледав само твојата слика зошто за луѓето беше наркоман недостоен за погреб. Мене си ми се и ќе останеш. Ќе се обидам да те направам жив низ песни и книги. Зошто сега кога физички исчена поради смрдливиот шприц и јас сум само половина. Не можеше ти среќо поинаку, премногу разбираше колку е смрдлив овој свет. Тоа го*но те спасуваше од болката и реалноста која животот ја носи. Те разбирам љубов моја единствена и душо моја напатена. Што ќе си замислувам сега ноќе кога ќе си легнам. Ете, емотивно созреав, но подобро на не сум. Спиј мирно око мое најубаво, зошто јас од ноќеска сум вдовица“, наведе тогаш Дуња, а од неодамна утеха најде во ново момче.