Живот
2. February 2017 - 17:41

Момче умираше, а минувачите го снимаа: Трагичен исход на сообраќајка поради сеирџии

Во индиската држава Карнатака автобус удрил во момче, кое потоа лежело во локва крв и молело за помош од минувачките, кои наместо да му помогнат со снимале со камера.

Видео снимката предизвика шок во Индија, пренесува Би Би Си.

 

Погледај слику на Твитеру

Анвар Али (17) умре од забрзано губење на крв, а лекарите велат дека сигурно би преживеал ако го донеле порано.
 
Во Копал во индиската држава Карнатака, Али со велосипед налетал на автобус и веднаш околу него се собрале сеирџии кои наместо да му помогнат ги извадиле мобилните телефони и почнале да ги снимаат како крвари на асфалтот и полека умира.

Овој случај повторно го покрена контроверзното прашање поради што жителите на Индија ретко им помагаат на жртвите на сообраќајните несреќи кои во таа земја се случуваат дури до пола милион годишнио.

Некои активисти тврдат дека не е во прашање недостаток на емпатија, туку страв од полицијата, која често го обвинува помагачот, како и стравот од тоа што ако доведат повреден во болница ќе им ги накалемат болничките трошоци како и тоа што како сведоци на сообраќајка потоа ќе изгубат многу време по судовите.