Македонија
16. September 2016 - 11:25

Момче со голф прегази жена во Старо Нагоричане

Вчера околу 16,10 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, се случила сообраќајна незгода во која Д.Т.(1985) од Куманово, управувајќи патничко моторно возило „Голф“ удрил во пешакот С.Т. (1941) од с.Арбанашко–Општина С.Нагоричане.

По незгодата пешакот С.Т. е пренесена во МЦ-Куманово, каде е констатирана смрт.

Увид на лице место извршиле ОЈО и екипа од СВР-Куманово.