Балкан
28. September 2015 - 8:59

Момче се поли со бензин и се запали поради кавги со жената

Младо момче ноќта меѓу саботата и неделата, пет минути по полноќ се полило со бензин во дворот од својата куќа во Чаковец и се запалил.

Што почнал да гори влетал во куќата и се обидел да го угаси огнот, а му помогнала и сопругата. Со тешки изгореници е префрлен во болницата во Чаковец, а потоа и во Загреб, каде лекарите се борат за неговиот живот зошто се наоѓа во критична состојба. Се здобил со изгореници од втори и трет степен по горниот дел од телото, трупот и рацете.

23-годишното момче се обидел да се самоубие поради несогласувања во бракот и љубомора. Мештаните велат дека младата блачна двојка и на улица се карала, но никој не се сомневал дека сопругот на овој начин ќе посегне по својот живот.

-Не слушнавме ништо се додека не дојде возилото на Итната помош, велат соседите за „Вечерњи лист“.