Македонија
17. November 2019 - 15:44

Момче од Зелениково нападнало полицаец додека со итна помош го носеле на Психијатрија

Вчера во 17.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Зелениково, скопско, Т.Б.(28) од с.Зелениково физички нападнал полициски службеник при асистенција на екипа на итна медицинска помош за негово спроведување во Психијатриска болница при Комплекс клиники ,,Мајка Тереза’’. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.