Момче од Хјустон уапсено за ширење информации за правење бомби
Осумнаесетгодишно момче од Хјустон вчера е обвинето за поддршка на радикалната група Исламска држава и за ширење информации за правење бомби, соопшти американското Министерство за правда.
- Каан Серкан Дамларкаја, кој е американски државјанин, е уапсен во петокот во Хјустон по барање на Сојузното обвинителство, се наведува во соопштението.
Дамларкаја беше уапсен по истрагата на ФБИ, која откри дека тој планира да замине во странство за да војува на страната на Исламска држава или ако не успее да замине да изврши напад во САД.
Тој им изјавил на агентите на ФБИ, но и на онлајн медиуми, како се прават автоматски пушки АК-47 или АР-15 со делови кои лесно можат да се најдат и како се прави бомба од тенџере под притисок.
Според обвинителите, притворениот направил два неуспешни обида да замине во Сирија. Тој ќе одговара пред судот на 14 декември.
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени