Момче од Делчево почина од Ковид-19 во Германија, најблиските молат за помош за транспорт на телото
Гоце од Делчево почина поради компликации од ковид-19, во Германија, а неговото семејство нема доволно пари за да организира транспорт на телото, за тој да биде погребан во Македонија. Гоце имаше само 32 години.
– Ве замолувам сите од се Срце во овој тежок момент исполнет со бескрајна тага и голема болка да и помогнеме на сопругата Дијана која нема скоро никој свој тука освен сите нас, се надевам во овој тежок момент и апелирам до вашите хумани Срца за помош. Секоја мала помош е огромна помош за Дијана. Поради ситуацијата е наједноставно за помошта да ја донирате на сметка. Помагајте добри луѓе - порача Бошко Васев преку социјалните мрежи, кој е близок со семејството.
Под објавата стои и сметката за сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат телото на Гоце да се донесе во Македонија
ЈАНЕ ЈАНЃЕЛОВСКИ
Комерцијална Банка
Број на Сметка: 300057073987370
Средства ќе се собираат и во црквата Св. Никола, Мајнц, во текот на целиот ден.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација