Македонија
18. October 2016 - 13:13

Момче нападнато и ограбено во Скопје

Вчера околу 20.00 часот во Скопје на ул. „Филип Втори Македонски“ непознат сторител извршил разбојништво над Е.М. (24) од Скопје.
 
Сторителот му пришол од позади грб и почнал да го влече за капата од дуксерот.
 
Сторителот притоа му се заканувал, му побарал пари и почнал да му пребарува по џебовите од каде му го одзел мобилниот телефон и побегнал во непознат правец.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.