Живот
9. March 2018 - 11:54

Момче изгорело во пожар, а потоа се пшробудило од кома со зборови од кои ќе се наежите

Ова е дете кое би можело да ја промени медицинската литература. Мехмед Шабиќ(12) е дете од Босна и Херцеговина која огнена експлозија заработило 70% изгореници на телото. Операриран е 5 пати, а веројатно ќе биде уште неколку пати. Ако преживее, вели, литературата ќе мора да се промени. Мехед Шабиќ  е дете кое настрадало во детска игра, во домашна работилница, кога во огнена експлозија заработил 70% изгореници на телото, јавува емисијата Проверено. На него биле направени 5 трансплатации на кожа, а уште колку ќе бидат, не се знае.

Сепак, Мехо не отстапува, а негов главен адут за одржување е животниот оптимизам. До несреќата дошло кога Мехмед го резбарел името на девојката на парче дрво и погрешил една буква. „ И потоа земал шише со бензин. Мислел да полие, запали парчето да потемни и потоа повторно да го напише. Меѓутоа, не размислил дека ќе дојде до експлозија“, раскажува неговата мајка, Алдинка Шабиќ за Проверено.

Во работилницата се создала таква температура што кожата му изгорела, а тој вдишал топол воздух, при што настанале и внатрешни оштетувања. „ Третата ноќ имаше циркулаторен шок, кога престанале да работат белите дробови, бубреите и мозокот. Мислев дека е готово, дека нема да преживее“ раскажала неговата мајка. Докторите во Тузла му дале 1% шанса да преживее, но и дека таму не можат да му помогнат, преостанале клиника во Турција, до која не би го преживеал патот и Болница Клаиќ во Загреб.

На одделот за интезивна нега, поради болките бил во индуцирана кома, а на својот 12 роденден Мехмед отворил очи. Комуницирал со трепкање, пробал да ги движи прстите и не одстапил, а првите зборови кои ги изговорил биле: „Нема предавање“. Подршка му даваат и родителите кои, за да го негуваат, се преселиле во Загреб. „24 часа тој мора да биде херој. Сега мора да се бори за секое движење, лузните сега ја стегнале кожата. Мора да се бори за секој залак, затоа што вратот му се стега, му ја дига усната и не може да џвака. За секој залак, кога јаде, тој мора да се бори, раскажал неговиот татко.