Македонија
25. December 2017 - 15:51

Момче избодено со нож во автобус на ЈСП

Момче кое се превезувало во автобус на ЈСП пред неколку минути било прободено со нож во Чаир, објави албанскиот портал fol.mk.

Идентитетот на момчето се уште е непознат, а според очевидци, момчето е повредено во ногата.

- Според очевидец, полицијата била присутна на местото на злосторството, а повредениот веднаш бил пренесен во болница, пишува порталот, кој објави и ексклузивна видео снимка.

.be