Македонија
21. May 2017 - 12:59

Момче и девојка тешко повредени во две сообраќајки во Скопје

Вчера во 12.35 часот во ЕИК Скопје, А.Ф. пријавила дека на ул. „Васил Ѓоргов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од А.З. (33) од Скопје. Во незгодата А.З. се здобил со тешки телесни повреди. Истиот бил пренесен и задржан на лекување во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.
 
Ноќеска во 01.00 часот во Скопје, на крстосницата од ул. „Владимир Полежановски“ и ул. „Адолф Циборовски“ се случила сообраќајна незгода во која К.С. (24) од Охрид, управувајќи  патничко моторно возила „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во дрво. По незгодата, со возило на брза помош, сопатничката М.М. (25) од Скопје била пренесена во Ургентен центар Мајка Тереза, каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди и е задржана на понатамошно лекување.